Top Sport

Возачот на „Замбони“ кој стана НХЛ херој (видео)

Дејвид Ејрс ја живее можеби најлудата спортска бајка во 2020 година, откако 42-годишниот возач на „Замбони“ (машина која го оддржува мразот мазен на хокеарските натпревари), доби шанса да стане НХЛ голман на една вечер, и целосно ја исполни.

Каролина хуриканс гостуваа кај Торонто мејпл лифс во меч од НХЛ лигата, и кога двајцата голмани им се повредија на натпревар, Ејрс, тој како голман за „итни случаи“ на Торонто доби повик да застане на голот како најстар дебитант во НХЛ лигата.

Ејрс прими голови во првите два удари кои беа упатени, но потоа ги одбрани следните осум, а Каролина стигна до 6:3 победа над Мејпл лифс. Тој инаку работи како резрвен голман на Торонто марлис, подружницата на Мејпл лифс, и возач на „Замбони“ возилото во текот на сезоната.

Дека во Каролина хуриканс го почитуваат тоа што го направи тоа, доволно зборува фактот што тие произведоа дресови со неговото име, а парите од продажбата ќе одат во добротворна фондација за болести на бубрезите – Ејрс пред 15 години имал трансплантација на бубрег.

„Момците беа фантастични. Ми кажаа, ти само забавувај се, без грижа колку гола ќе примиш. Ова е твој момент и оди по него. Публиката во Торонто беше одлична, иако бранев за противничкиот тим. Не ми се верува“, изјави Ејрс.

Scroll to Top