Тајрел Робинсон, поранешниот фудбалер на Арсенал, доби отказ од третолигашот Бредфорд сити, откако полицијата го обвини за педофилија за инцидент кој се случил во авуст 2018 година.
22-годишното Робинсон е обвинет за сексуална активност со дете и за дистрибуирање на детска порнографија.
„Робинсон е ослободен од остатокот од договорот. Клубот нема да дава дополнителни коментари за случајот“, објавија од Бредфорд.
Робинсон беше дел од младинската академија на Арсенал пред да стане професионалец во јануари 2015 година, и да биде ослободен од договорот во 2017 година. Тој потоа беше на проба во Вотфорд, но клубот не му понуди договор, пред во мај 2017 година да замине во Бредфорд. Во првата сезона тој беше проглесен за најдобар млад фудбалер на тимот, но нема играно од август 2018 година кога почна истрагата за педофилијата.
? CLUB STATEMENT | We have parted company with Tyrell Robinson.
➡️ | Read further details here: https://t.co/KfvKevyW6L#BCAFC | #CityForAll pic.twitter.com/rGoHIUgymB
— Bradford City AFC (@officialbantams) February 24, 2020