Барселона синоќа извлече поволен резултат на „Сан Паоло“ против Наполи (1:1), во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Антоан Гризман во 57 минута ја заврши школската акција на соиграчите Меси и Семедо. Резултатот за Барса е поволен но реваншот нема да биде лесен за Каталонците. Тренерот Кике Сетиен на располагање ќе има само тројца играчи во редот за врска (Ракитиќ, Артур и Де Јонг) бидејќи Серхио Бускет поради жолти картони е суспендиран, а Артуро Видал против Наполи доби црвен картон.
Против Наполи сигурно ќе ги нема Усман Дембеле, Луис Суарез и Серхи Роберто, а неизвесен е и настапот на Жорди Алба. За повредата на Џерар Пике клубот дополнително ќе се огласи.
Проблемите со недоволната широчина на ростерот по мечот со Наполи ја критикувале Бускетс и Ракитиќ.
„За жал, немам широк избор на играчи. Но така е планирано“, рекол Бускет чии зборови се упатени кон челниците на клубот.
„Така е одговорните го знаат ова. Ситуацијата е таква каква што е. Ние останатите ќе треба да се обединиме бидејќи реваншот е важен за нас“, ја поддржал изјавата на Бускетс, Иван Ракитиќ.
Барса и Наполи реваншот ќе го одиграат на 18 март.