Фудбалерите на Динамо Загреб, Изет Хајровиќ и Марио Гаврановиќ, вчера завршија во на Клиниката за инфективни болести во Загреб. Овие двајца биле во домашен карантин, претпладнево се појавиле на редовниот тренинг. Поради коронавирусот но ќе бидат под надзор во наредните две недели.
Сопругата на Хајровиќ, во понеделникот се вратила од Италија, држава во која има најмногу заразени со опасниот вирус. Хајровиќ поради тоа завршил на Клиниката за инфективни болести, а бидејќи Гаврановиќ се видел со него од превентива и тој завршил таму.
Откако било утврдено дека фудбалерите не покажуваат симптоми дека се заразени со коронавирусот тие биле пуштени дома.
Сепак, по совет на лекарите, тие вчерашниот ден го минале во домашен карантин.
Од Динамо порачале дека нема причини за загриженост и дека двајцата фудбалери можат да им се посветат на своите обврски.