Top Sport

Хрватска ко-домаќин на СП во 2025 година

Извршниот одбор на Светската ракометна федерација (ИХФ) на состанокот во Каиро ја прифати заедничката кандидатура на Хрватска, Данска и Норвешка за организација на 29 Светското првенство во 2025 година.

На првенството во 2025 година ќе учествуваат 32 репрезентации. Во Хрватска ќе се играат четири групи во првата фаза, потоа две од четирите групи во вториот круг, едно полу-финале и натпреварите за пласман во „Президент купот“.

Две-четвртфинални групи и едно полу-финале ќе се играат во Данска, а сите други останати мечеви во Норвешка. Осло ќе биде домаќин на завршниот викенд.

Ракомет во Хрватска ќе се игра во вараждин, Пореч, Дубровник, Загреб и Сплит, Данска ги понуди Хернинг и Копенхаген, а Норвешка Трондхајм, Ставангер, Драмен и Осло.

За потсетување до Светското првенство во 2025 година ќе се одиграат првенствата во Египет (2021) и Полска и Шведска (2023).

Scroll to Top