Парис Фјури, сопругата на шампионот во тешка категорија Тајсон Фјури, сака нејзиниот сопруг конечно да го договори супер-мечот со Ентони Џошуа, да стигне до победа и да се пензионира пред да си направи проблеми со здравјето.
Фјури го декласираше Дионтеј Вајлдер на 22 февруари за да стане ВБЦ шампион, по што сите очекуваат меч за многу пари со Џошуа, а договорот за пет меча со „ЕСПН“ на „Џипси кинг“ ќе биде завршен по уште два меча и сопругата вели дека тоа е повеќе од доволно.
„Би сакала да го победи Ентони Џошуа и потоа да сопре. Тој е супериорен во рингот, но се работи за опасен спорт и сите го знаеме тоа. Еден удар може да смени сè. Би сакала да го земе тој е ден меч и да се повлече непоразен. Не може да продолжи засекогаш, и не сакам да го видам повреден. Не треба да брка слава, рекорди или пари. Веќе е во историјата“, вели Парис во интервју за „Дејли мирор“.
Оваа порака доаѓа откако и таткото на Фјури, Џон изјави дека неговиот син треба да почне да прави планови а пензија.