Top Sport

Кој е Дитмар Хоп, милијардерот кого го мразат навивачите на Баерн Минхен?

 Првпат во историјата на Бундеслигата, фудбалери на еден меч престанаа да играат и дозволија времето да истече. Причината? Милијардерот Дитмар Хоп и навредливите банери кон него од страна на навивачите на најславниот германски клуб, Баерн Михен.

Мечот, резултатски, беше готов и претходно – Баерн Минхен водеа со 6:0 против Хофенхајм во 67. минута кога судијата Кристијан Дингерт го прекина мечот поради банерот на кој газдата на Хофенхајм, беше наречен „курвин син“. Ова беше само еден од банерите кои се појавија вчер а во Бундеслигата, бидејќи против Хоп беше протсетирано и во Дармштад, Дортмунд и Келн, а претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге изјави дека тоа е направено со заеднички сили.

Десет минути подоцна, кога фановите на Баерн го покажаа вториот постер на кој само пишуваше „Du Hurensohn“, со буквите Д и Х во сино за да се посочи дека се работи за Дитмар Хоп, мечот повторно беше прекинат и двата тима не играа.

 

Кој е точно Дитмар Хоп и зошто предизвикува волку внимание? Хоп е основач на софтверскиот гигант „САП“ и милијардер, кој ги однесе Хофенхајм, мал клуб од уште помало градче Синсхајм од петтата лига во 2000 до Бундеслигата во 2008. Тој играше како момче во тимот, и инвестираше милиони евра во клубот, градејќи го новиот стадион, а од 2015 година е сопственик на 96 отсто од гласовите во клубот, прекршувајќи го популарното 50+1 правило на Бундеслигата, според кое една компанија или личност не смее да има повеќе од 50 отсто од клубот, односно мнозинството треба да го имаат навивачите.

Од ова правило се изземени само четири клуба – Хофенхајм, Ред бул Лајпциг, Волфсбург и Баер Леверкузен. Волфсбург е во сопственост на авто-гигантот Фолскваген, Баер на истоимената фармацевстка компанија, додека Лајпциг е во сопственост на Ред бул (и против нив има протести).

Навивачите во прв план се лути на Германската фудбалска федерација (ДФБ) поради дозволувањето на исклучоци за Лајпциг и Хофенхајм, додека поради историјата на Баер Леверкузен и Волфсбург, овие два клуба се изземени од критиките дека се „вештачки“ направени клубови.

Самиот Хоп се јави во изјава за германскиот „Спорт ајнц“.

„Навистина би сакал да знам што сакаат тие идиоти од мене, бидејќи би ми било полесно да го разберам. Не сфаќам зошто оваа негативност, но ме потсетува на многу темни времиња. Не сакам да зборувам со тие луѓе, тоа е бесцелно. Зошто не би одел на стадион повеќе? Тие се луѓето кои не треба да бидат на стадион“, изјави Хоп.

 

Румениге: Ова е црн ден за фудбалот!

Scroll to Top