Top Sport

УЕФА одреди домаќини на неколку финални мечеви

Европската фудбалска унија денес објави имиња на неколку градови кои ќе бидат домаќини на финалните мечеви што се во нејзина организација.

Унгарската престолнина Будимпешта ќе биде домаќин на финалниот натпревар во Лига Европа, во 2022 година. Финалето ќе биде одиграно на „Пушкаш Арена“ чии капацитет изнесува 67.215 седишта.

Исто така, УЕФА објави дека Суперкупот во 2022 година ќе биде одигран на Олимпискиот стадион во Хелсинки.

Наредната, 2023 година, победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа, за титулата во Супер купот ќе играат во Казањ, Русија.

Scroll to Top