Повеќе шпански медиуми го забележаа чудното однесување на Лео Меси на мечот од Лигата на шампионите против Олимпијакос во средата, посебно вадењето на апче од неговата чорапа кое веднаш го стави во устата.
Барселона, иако ослабена по исклучувањето на Жерард Пике, стигна до 3:1 победа, благодарение и на 100. гол на Меси во европските купови, со одличен удар од слободен удар.
Меѓутоа, пред тоа да се случи, Меси извлече апче од својата чорапа, кое го стави во устата. Шпанските медиуми тврдат дека се работи за таблета со глукоза како енергетски додаток.