Top Sport

Помошникот на Сетиен: Антоан да ти е..м што правиш

Реал Мадрид во неделата ја победи Барселона со 2:0 и се врати на челната позиција во Ла Лига. Одговорноста за поразот ја презедоа тренерот Кике Сетиен и неговиот помошник Едер Сарабија.

Сетиен, како и секогаш, мирно го следел натпреварот, додека неговиот помошник Сарабија дивеел на клупата. Неговите испади ги снимил шпанскиот ТВ канал „Вамос“.

„Да ти е..м, Антоан, што правиш, држете го подалеку од топката“, му се дерел Сарабија на Гризман.

Потоа при едно погрешно додавање, додека Сетиен само одмавнал со главата, помошникот викал: „Таа топка воопште не требаше да оди кон Буси (Серхио Бускетс), требаше да оди на спортивниот крај од теренот“.

Во финишот на првиот дел Гризман ја промаши најдобрата шанса за Барселона во тој дел од натпреварот. Обидот на францускиот репрезентативец од десетина метри завриши високо над голот.

Во таа ситуација повторно се „истакнал“ Сарабија, хистерично се дерел: „Шутирај“, а потоа му рекол на Сетиен: „Ништо не прави како што треба“.

Сетиен и Сарабија соработката ја започнале пред пет години во Лас Палмас, пред да дојде во Барселона овој двоец работел и во Бетис.

Scroll to Top