Top Sport

Роналдо: Мојата мајка е во стабилна состојба, ве молиме за приватност

Кристијано Роналдо прати порака до своите фанови, откако итно замина дома во Мадеира по вестите дека неговата мајка, Долорес Авеиро имала мзочен удар.

65-годишната Авеиро била примена во болницата „Нелио Мендонса“ на Мадеира и според португалските медиуми е во стабилна состојба и ја има повратено свеста. Јувентус, нормално, му дозволија на Роналдо да замине дома и тој се јави со порака на Твитер.

„Ви Благодарам за сите пораки за поддршка на мојата мајка. Таа во моментов е во стабилна состојба и се опоравува во болницата. Јас и моето семејство би сакале да се заблагодариме на медицинскиот тим кој се грижи за неа, и да побараме да ни се даде малку приватност во овие моменти“, напиша Роналдо на Твитер.

Роналдо во неделата беше на „Сантијаго Бернабеу“ да го гледа својот стар клуб Реал Мадрид како стигнува до 2:0 победа над Барселона откако мечевите во Италија беа откажани поради корона вирусот. Тој се врати во Торино за подготовки за полуфиналето од Копа Италија утре против Милан, но сега е неизвесно дали ќе биде во составот.

Scroll to Top