Top Sport

Панчев: Не се станува најдобар во историјата со победи над Гибралтар и Лихтенштајн

Дарко Панчев, фудбалската легенда од просторите на поранешна Југославија, секогаш е интересен соговорник. Во интервју за Би-би-си Србија тој како и секогаш зборува „без влакна на јазикот“.

Во дел од интервјуто тој говори за македонската фудбалска репрезентација и го критикува селекторот Игор Ангеловски поради изјавата дека актуелната репрезентација е најуспешна во историјата.

„Нашите ги победија Гибралтар у Лихтенштајн и селекторот вели – најдобри сме во историјата. Тоа ли е така дека го победија Гибралтар?“.

Македонија како прва ги заврши натпреварите во својата група во Лигата на нации со што доби шанса преку плејофот да се пласира на ЕУРО 2020.

Противник во полу-финалето на Македонија ќе и биде Косово.

„На Балканот за жал спортот секогаш е во втор план , но се надевам дека дуелот со Косово ќе помине мирно, со големо обезбедување и без инциденти. Косово пружа солидни партии, не се наивна репрезентација, имаат неколку одлични играчи, но сметам дека Македонија е апсолутен фаворит“, рекол Панчев.

Scroll to Top