Динамо Загреб направи голем чекор напред кон нова хрватска титула, откако во најголемото хрватско дерби во Сплит на „Пољуд“ стигна до 2:0 победа над Хајдук.
Првиот гол за „модрите“ го постигна Кадзиор во 47. минута од мечот, додека триумфот на шампионот го завери македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми на 15 минути пред крајот на мечот.
Динамо сега има огромни 17 поени предност пред Хајдук на врвот на табелата.