Top Sport

Официјално: Серија А без гледачи до 3 април!

Италијанската влада донесе одредба со која сите спортски натпреварувања во Италија ќе се играат без присуство на публика барем до 3 април поради ситуацијата со корона вирусот. Со оваа одредба се покриваат сите области на државата, дури и таму каде што нема случаи на заразени од вирусот

Досега во Италија има над 3.000 позитивни случаи на корона вирусот, а дури 107 луѓе го загубија животот. Владата претходно одлучи училиштата и факултетите да бидат затворени до 15 март, а сега сите спортски клубови мораат да прават постојани проверки на своите спортисти и другите вработени.

Ова значи дека речиси сигурно Серија А ќе продолжи каде што застана, со тоа што ќе се играат шесте одложени мечеви од 26. коло , наместо тие до 27. коло. Јувентус-Интер, Милан-Џенова и другите мечеви ќе се оддржат овој викенд, по што следната недела ќе се игра 27. коло.

Претходно, беа одложени мечевите Јувентус-Милан и Наполи-Интер од полуфиналето на Копа Италија.

Scroll to Top