Ерлинг Халанд пред два месеци пристигна во Борусија Дортмунд, а поради неверјатните парти што ги пружа медиумите веќе му бараат нов клуб.
Норвешкото чудо од на девет натпревари има постигнато 12 голови за Борусија. Од почетокот на сезоната за Салцбург и Борусија има одиграно 41 натпревар успеал да постигна 41 гол.
Боруисија за него издвои 45 милиони евра, тој потпиша договор на четири и пол години. Медиумите шпекулираат дека во договорот на Халанд имало клаузула според која тој наредната зима може да го напушти клубот за обесштетување од 75 милиони евра.
Халанд го поврзуваат со најдобрите европски клубови, меѓу кои е и најславниот, Реал Мадрид.
„Не поврзуваат со повеќе од 100 екипи, но вистината е дека Ла Лига би била одлична за мојот син, таму има одлични екипи. Но не се знае дали ќе игра во Шпанија“, рекол таткото на Халанд.
Една од причините е што медиумите започнаа да го поврзуваат со Реал е неговото пријателство со Мартин Едегард. Овој фудбалер сезонава игра одлично како позајмен играч во Реал Сосиедад, поради што од Мадрид најавиле дека ќе го вратат во своите редови.
„Мојот син обожува да игра со Мартин, тој е одличен фудбалер. Тие двајца одлично се разбират на теренот“ заклучил таткото на Халанд.