Top Sport

Уште еден Бразилец пристигна во Ајакс

Холандскиот шампион Ајакс во кус временски период се засили со уште еден талентиран играч од Бразил. По Антонио, за кого клубот издвои рекордна сума на пари, во Амстерднам пристигнал и Џовани.

Антонио е донесен како замена за Хаким Зијех кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Челси, додека медиумите шпекулираат дека Џонави ќе биде замената за Душан Тадиќ.

Џовани Мансон Рибеиро има 18 години, може да игра како „лажна деветка“ и како офанзивен играч во редот за врска. Во Амстердам пристигна од младиот тим на Сантос, а до крајот на сезоната ќе игра за младиот тим на Ајакс.

Џовани потпишал договор до 2024 година.

Scroll to Top