„Моментно во светот на боксот нема смисла да се борам со некој обичен борец. Јас сум бизнисмен. Борбата со Конор (Мекгрегор) имаше смисла, донесе пари. Не гледам зошто би се борел со некој кој зад себе има само град. Ако ме сакаат мене во рингот, мора целата држава ќе застане зад борецот“.
Ова го изјави Флојд Мејведер во коментар на евентуалните борби против Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, пренесува „Мирор“.
Непоразениот легендарен боксер овојпат беше конкретен во барањата, а најверојатно малку се занесе и претера со финансиските барања.
„Разговарав со Дејна Вајт за борба со Конор и Хабиб. Јас сакам 600 милиони долари. Сакам ризикот да ми се исплати, ако веќе дојде до тоа“ – нагласи Мејведер.
Претходно, Нурмагомедов, сегашниот шампион во лесна категорија во УФЦ, предложи борба против Мејведер според посебни правила – 11 рунди бокс и една рунда ММА.
Во август 2017 година Мејведер го победи Мекгрегор, во натпревар во бокс.