Центарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес е најкорисен играч на 27-то коло во Евролигата. Таварез со дабл-дабл учинок беше најдобар во победата на Реал на гостувањето кај Олимпија Милано (78-73).
Постигна 13 поени, имаше 12 скока, 2 асистенции и 4 блокади, а на мечот немаше ниту една изгубена топка. Имаше индекс на корисност 29, исто како и Грег Монро.
Холинс со 28 поени беше најдобар стрелец на колото, а Хантер исто како Таварез колото го заврши со 12 скока.
Стефан Јовиќ е најдобар асистент на колото, додека Мораскини и Ајон се најдобрите „крадци“ со по 4 украдени топки.