Не беа задоволни на „Гудисон парк“ минатиот викенд. По консултација со ВАР, главниот судија Кристофер Кавано го поништи победничкиот гол на Евертон против Манчестер Јунајтед во 92 минута.
Навивачите арбитарот го испратија со свирежи, а по завршувањето на мечот и стратего на „Карамелите“, Карло Анчелоти имаше што да му каже на судијата.
Искусниот Италијанец бараше образложение од помошникот-судија зошто голот на Евертон е поништен. Сепак, поради жестината на обраќањето, судијата му покажа црвен картон на менџерот.
По неколку дена стигна и казна од Федереацијата на Премиерлигата. Анчелоти треба да плати 8.000 фунти поради кршење на правилот „Е3“.
Казната би била многу поригорозна доколку Анчелоти не признал дека користел неадекватен речник и непристојно се однесувал кон судиите
Еве зошто беше неговата реакција:
Interfering with play una. Everton robbed pic.twitter.com/CWTPYEm8Cx
— El Rondo ?? (@Poolisick) March 1, 2020