Top Sport

Со кој фудбалер жените најмногу би сакале да спијат?

Според анкетата на англискиот портал за купување на фудбалски билети „Тикетгам“, еден пензиониран фудбалер е на врвот на листата на најпосакуваните фудбалери за секс и тоа со 21.25 отсто од гласачите.

Секако, се работи за поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, а сега сопственик на американскиот клуб Дејвид Бекам, кој го победи резервниот голман на Тотенхем, Пауло Газанига, кој доби изненадувачки 15 отсто од гласовите.

Кристијано Роналдо е само осми, но е пред вечниот ривал Лионел Меси, а интересно е што во топ 10 нема фудбалери на Ливерпул, иако друго вакво бизарно истражување ги постави навивачите на Ливерпул на првото место како „најсекси навивачи“ со 26 отсто, пред тие на Челси (20%) и Манчестер јунајтед (18%).

ТОП 10 ФУДБАЛЕРИ СО КОИ ЖЕНИТЕ БИ САКАЛЕ ДА СПИЈАТ

1.Дејвид Бекам (пензиониран) 21.25%

2.Пауло Газанига (Тотенхем) 15%

3.Рубен Лофтус-Чик (Челси) 13.75%

4.Андре Гомеш (Евертон) 11.25%

5.Марко Асенсио (Реал Мадрид) 8.75%

6.Оливие Жиру (Челси) 7.5%

7.Жерард Пике (Барселона) 7.5%

8.Кристијано Роналдо (Јувентус) 6.25%

9.Лионел Меси (Барселона) 5%

10.Серхио Рамос (Реал Мадрид) 3.75%

Scroll to Top