Тренерот на Арсенал Микел Артета по секоја цена сака да го задржи во тимот напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.
Договорот на Обамејанг со Арсенал истекува на крајот од сезоната 2020/2021. Артета рекол дека пред крајот на оваа сезона клубот мора да започне преговори со Арсенал околу новиот договор.
„Јас немам дилема, сакам да го задржам по секоја цена“, рекол Артета.
Обамејанг оваа сезона има постигнато 20 гола во сите натпреварувања. Според медиумите сериозен интерес за Габонецот покажале Барселона и Интер.
Дали Обамејанг ќе го прифати новиот договор ќе зависи и од пласманот на Арсенал оваа сезона. Во моментов Арсенал се десетти во Премиер лигата, а минатата недела го завршија настапот во Лига Европа.