Top Sport

Паѓаат акциите на италијанските фудбалски клубови

Коронавирусот предизвика пад на акциите на италијанските фудбалски клубови на берзата во Милано. Ова е очекувано сценарио бидејќи поради вирусот сите спортски настани во Италија, до 3 април, ќе се одржуваат без публика.

Акциите на Јувентус, клубот во кој игра португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, вчера паднале за 5,8 отсто. Од почетокот на годината акциите на „старата дама“ паднале за 32 отсто.

Тежок ден на берзата имаа и клубовите од Рим, Лацио и Рома. Акциите на Лацио паднале за 4,8, а на Рома за 5,7 отсто. Од почетокот на годината акциите на Рома паднале за 25 отсто.

Сите спортски натпревари во Италија, вклучувајќи ги и фудбалските натпревари, до 3 април ќе се играат зад затворени врати, без публика, поради епидемијата на коронавирусот, со декрет во средата нареди премиерот Џузепе Конте.

Scroll to Top