Фудбалската ѕвезда Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис нема кривично да одговараат пред властите во Парагвај. Тие вчера биде уапсени откако во државата влегле со фалсификувани пасоши.
Државниот обвинител Федерико Делфино заклучил дека Роналдињо и неговиот брат биле жртви на измама бидејќи документите ги добиле како подарок.
Тие вчера веднаш по апсењето седум часа биле давале исказ пред истражен судија, а потоа биле пуштени да се бранат од слобода.
Роналдињо и неговиот брат ја признале вината и ќе мина само со парична казна.
Наместо нив пред судот кривично ќе одговара локалниот бизнисмен Вилмондес Соуса од кого Роналдињо и Роберто Асис ги добиле пасошите.