Второпласираната екипа во германската Бундеслига, Лејпциг полека го „губи здивот“ во потерата по шампионската титула.
„Биковите“ попладнево не успеаја да го најдат патот до мрежата на Волфсбург, па дуелот од 25 коло на „Волфсваген Арена“ заврши без голови.
Лајпциг на дуелот настапи без првата ѕвезда, Тимо Вернер кој доби поштеда пред предизвикот во ЛШ, тимот на Тотенхем.
Фудбалските вљубеници на „Бај Арена“ во Леверкузен попладнево уживаа во 4 погодоци. Сите завршија во мрежата на Ајнтрахт Франкфурт. „Фармацевтите“ славеа убедливо со 4-0.
Стрелци на головите беа Хаверц, Белараби и на двапати Паулињо, во вториот дел.
Фрајбург на домашен терен беше подобар од Унион Берлин, 3-1. Стрелци на погодоците за домашниот тим беа Салаи, Гинтер и Кох, а почесниот погодок за гостите од Берлин беше дело на Андерсон.
Без победник заврши и дуелот во „Гелзенкирхен“ меѓу Шалке 04 и Хофенхајм. Домашните во подолг период од мечот имаа водство откако МекКена во 20 минута погоди за 1-0. Голот за реми го постигна Баумгартнер во 69 минута.
Херта и Вердер одиграа ефикасно реми во Берлин, 2-2. Гостите од Бремен имаа убедливо водство од 2-0 уште по 6 минути игра, со головите на Саргент и Класен.
Сепак, Херта успеа да дојде до реми, благодарение на погодоците на Штарк во 41 и на Куња во 60-та минута.