Top Sport

„Сушно попладне“ во Англија, немаше меч со барем 2 гола (видео)

Крајно неефикасно попладне на стадионите во Премиерлигата. На петте натпревари во стандардниот термин од 16 часот постигнати беа само 4 гола.

Тоа не му пречеше на Арсенал да дојде до третата победа во низа откако со 1-0 славеше во дуелот против Вест Хем.
Единствениот погодок вреден 3 бода на „топчиите“ им го донесе Французинот Лаказет во 78 минута од мечот. Арсенал со трите победи во низа досега собра 40 бода, доволни за 9-тата позиција во Премиерлигата.

Идентична победа славеше и Шефилд Јунајтед против Норич. Стрелец на погодокот на тој меч беше Шарп во 36 минута. Со оваа победа Шефилд направи прогрес на табелата и сега е шести со 43 бода, само 2 помалку од четвртопласираниот Челси.

Минимални победи од по 1-0 забележаа и Кристал Палас против Вотфорд, односно Њукасл против Саутемптон, додека Вулверхемптон и Брајтон одиграа реми без голови.

Scroll to Top