Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо Гаучо денеска беше спроведен во судница да даде одбрана за делата кои му се ставаат на товар – влегување во Парагвај со илегален пасош и со лажна лична карта.
Случајот ја дигна на нозе јавноста во оваа јужноамериканска земја, но ситуацијата будно се следи во целиот свет.
Роналдињо и неговиот брат со лисици на рацете беа спроведени.
Екс-фудбалерот со пешкир ги имаше покриено лисиците пред бројните новинари во судот во Парагвај.