Шпанските медиуми открија зошто спортскиот директор на Барселона, Роберто Фернандез, во вторникот бил во ложата на „Сантијаго Бернабеу“ и го следел дуелот во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Тотенхем.
Фернандез во Мадрид ги гледал играчите на Тотенхем Хари Кејн и Кристијан Ериксен, кои извесен период се наоѓаат на скенерот на Барселона.
Кејн, кој неодамна ја понесе капитенската лента во репрезентацијата на Англија, е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а наводно за неговите услуги е заинтересиран и Реал, чиј претседател Флорентино Перез е подготвен за неговите услуги да издвои помеѓу 150 и 200 милиони евра.
Ериксен исто така е интересен фудбалер не само за Барселона туку и за уште неколку европски тимови, најмногу поради својата креативност на теренот.