Колумнистот на „Дејли Мејл“, Мартин Самјуел, жестокот го нападнал претседателот на Јувентус Андреа Ањели, поради неговата изјава дека најдобро решени за фудбалот би било формирање на европска Суперлига, во која би учествувале најбогатите клубови.
Самјуел пишува дека со изјавата Ањели ги навредил клубовите кои не можат финансиски да се носат со кремот на европскиот фудбал.
Во таа изјава Ањели ја потенцирал Аталанта, екипа која избори пласман во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Според претседателот на Јувентус, Аталанта е клуб без традиција и историја, поради што не заслужува место во елитата.
Во колумната, Самјуел го пишува дека Ањели е „себичен, влекач и протекционистичка змија, човек без чувство за спорт и спортски интегритет“.
„Планот на Ањели ќе го уништи фудбалот“, смета Самјуел.
„Тој не сака да ја уништи Лигата на шампионите. Доколку се усвојат неговите предлози ќе исчезне Лигата на шампионите, натпреварување од најголемо значење во Европа. Промените би влијаеле и врз домашните натпреварувања. Алчноста и глупоста на Ањели би го убиле спортот кој не му припаѓа на деца со богато наследство, туку на работливите мажи и жени во Европа и пошироко“.