Top Sport

Хамес Родригез за 80 милиони евра се сели кај „волците“

По 6 години поминати како играч на Реал Мадрид, колумбискиот интерационалец, Хамес Родригез најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти „Бернабеу“ и ќе заигра во Премиерлигата.

Според пишувањата на англиските и шпанските медиуми, 28-годишниот фудбалер е блиску до премин во Вулверхемптон кој моментно е на 5 бода од зоната која води во ЛШ наредната сезона.

Реал во 2014 година му плати 80 милиони на француски Монако за Родригез да се пресели во Мадрид. Колумбиецот од 2017 до 2019 година беше на позајмица во Баерн Минхен.

Неговиот договор со кралскиот клуб е до летото 2021 година.

Управата на Реал смета дека Родригез во моментов вреди 80 милиони евра, сума која премиерлигашот наводно е подготвен да ја плати.

Се чини главната врска во целиот договор е неговиот менаџер Жорге Мендеш кој во клубот ги има однесено Рубен Невес, Руи Патрисио, Даниел Подесца, Жоао Мутињо, како и тренерот Нуњо Еспирито Санто.

Хамес досега за „Карлевите“ одигра 124 меча и постигна 37 гола, надополнети со 42 асистенции. Освои 8 трофеи, од кои два во ЛШ.

Сезонава во тимот на Зидан помина 650 минути, постигна еден гол и двапати асистираше.
¿Se imaginan a James Rodríguez jugando atrás de Raúl Jiménez? ?

Wolverhampton sí. ????????https://t.co/vcyCcHkdRq
— MedioTiempo (@mediotiempo) March 11, 2020

Scroll to Top