Откако во понеделникот намерно ги допираше микрофоните потсмевајќи се со корона вирусот, а вчера беше позитивен на него, францускиот кошаркар на Јута џез, Руди Гобер денеска мораше преку социјалните мрежи да се извинува за својот потег.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за загриженоста и за поддршката која ја добив. Поминав низ многу емоции од дознавањето на дијагнозата, страв, немир, и срам. Прво би сакал јавно да се извинам на луѓето кои ги загрозив. Тогаш не знаев дека сум инфициран, но бев невнимателен и нема изговор за тоа. Се надевам дека мојата приказна ќе биде предупредување и ќе ги натера луѓето да ја сфатат ситуацијата сериозно. Ќе направам сѐ што е можно да го искористам моето искуство да ги едуцирам другите и да го спречам ширењето на вирусот“, напиша Гобер на Инстаграм.
Here’s Rudy Gobert on Monday touching all the microphones in the media room on purpose.
Here we are on Wednesday, and Rudy Gobert was just confirmed to have coronavirus, causing the NBA to suspend the season.
Unbelievable. pic.twitter.com/6BF7q3n9ao
— matthew ashlock (@themattashlock) March 12, 2020
Гобер се потсмевал со мерките за претпазливост, ги допирал новинарските микрофони (Видео)