Top Sport

ЛЕ: Леверкузен и Шахтјор со импресивни гостински победи (видео)

Баер Леверкузен стигна до импресивна 3:1 победа на гости кај Глазгов Ренџерс, а со предност пред домашниот меч е и Шахтјор Доњецк по 2:1 триумфот кај Волфсбург. Во Грција пак, Олимпијакос успеа да се врати и со играч помалку да стигне до 1:1 реми со Вулверхемптон.

„Фармацевтите“ на „Ајброкс“ стигнаа до водство во 37. минута со голот на Каи Хаверц од пенал,  а Арангуиз во 67. минута зголеми на 0:2. Тимот на Стивен Џерард успеа да врати еден гол преку  Џорџ Едмундсон во 75. минута, пред Леон Бејли во 88. минута да ја потврди импресивната победа на Бундеслигашот.

На „Фолскваген арената“ пак, имаше два промашени пенали за двата тима, но на крај украинскиот Шахтјор стигна до 2:1 победа. Жуниор Мораеш ги донесе гостите до водство во 17. минута, а само пет минути подоцна пеналот на Коваленко заврши во рацете на голманот на Волфсбург. Домаќините имаа шанси да израмнат во судското продолжение од првото полувреме, но Вегхорст се лизна пред изведувањето на својот пенал.

Џон Брукс сепак, израмни за Волфсбург во 48. минута, пред Маркос Антонио да ја врати предноста на Шахтјор во 73. минута.

Олимпијакос од 29. минута играше со играч помалку по црвениот картон на Рубен Семедо, но први стигнаа до гол преку Јусеф Ел Араби во 54. минута, пред Нето да израмни за „волците“ во 67. минута.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Олимпијакос – Вулверхемптон 1:1

Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен 1:3

Волфсбург – Шахтјор Доњецк 1:2

Од 18.55 часот играа:

Башакшехир – Копенхаген 1:0

Ајнтрахт Франкфурт – Базел 0:3

ЛАСК Линц – Манчестер јунајтед 0:5

Одложено:

Севилја – Рома

Интер – Хетафе

РЕНЏЕРС – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН

ВОЛФСБУРГ – ШАХТЈОР

ОЛИМПИЈАКОС – ВУЛВЕРХЕМПТОН

Scroll to Top