Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Белорусија Александер Хлеб решил по завршувањето на сезоната да стави крај на својата кариера.
„Многу размислував самиот со себе се консултирав и дојдов до заклучок дека е време за пензија. Иако го сакам фудбалот и има желба да играм, доста е…“, рекол Хлеб.
Хлеб во кариерата бил фудбалер на БАТЕ Борисов, Штутгарт, Арсенал, Барселона, Бирмингем, Волфсбург, Крила Совјетов, Генчлербирлиги…
Шест пати во кариерата бил прогласуван за најдобар фудбалер на Белорусија.
Како играч на Барселона во 2009 година ја освои тројната круна, со БАТЕ Борисов шест пати бил шампион на Белорусија, а со Штутгарт во 2002 година го освоил Интертото купот.
Со Арсенал играл во финалето во Лигата на шампионите, во сезоната 2005/06.