Top Sport

Стоп за фудбалот и во Премиер лигата

Премиер лигата официјално потврди дека првенстото е стопирано на неодредено време поради коронавирусот. Покрај во елитниот ранг на англискиот фудбал, суспендирани се и сите останати првенства.

Првичната одлука на Премиер лигате е дека фудбал нема да се игра до 3 април.

Коронавирусот во изолација ги испрати комплетните тимови на Арсенал и Челси, откако е потврдено дека од вирусот се заразиле тренерот на „топџиите“ Микел Артета и напаѓачот на „сините“ Калум Хадсон-Одои.

Според информациите на Светската здравствена организација коронавирусот е проширен во повеќе од 110 држави.

Scroll to Top