Иако беше критикуван за начинот на кој си замина од САД со еден од последните летови кон Европа пред откажувањето на тениската сезона, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ сега најде за сходно да ги сподели своите совети за борба и превенција од корона вирусот.
Во совети за српскиот портал „Телеграф“, Ѓоковиќ даде десет совети за засилување на имунитетот и намалување на ризикот од корона вирусот.
10 saveta Novaka Đokovića za borbu protiv korona virusa https://t.co/wTJQuDar1R via @telegrafrs
— Telegraf (@telegrafrs) March 13, 2020
Доколку навистина ве интересираат советите, повелете:
– Зголемете го внесувањето на витаминот Ц и цинкот. Препорачано е околу 5-7 грама витамин Ц, а може и до 10. Доколку најдете течен цинк, уште подобро.
– Секое утро на празен стомак се пие топла вода со лимон и малку морска сол (а може и ѓумбир и нане). Топлата вода со лимон може да се пие неколку пати во текот на денот.
– Да се пие што повеќе зелени сокови и шејкови со лиснат зеленчук (спанаќ, кељ…). Со него се создава алкална база во телото која ги уништува патогените и вирусите.
– Киселата средина се создава со нездрава брза храна, стрес, грижа, лутење, пијалоци со рафиниран шеќер, млечни производи.
– Препорачливо е да се конзумира и малку лук во лажичка мед со цимет. Исто така, масло од диво оригано, ѓумбир, кајен пиперка.
– Колоидна сребрена вода е посебно добра за имунитетот и борба против отровите.
– Различни видови чаеви и свежи билки секогаш се добредојдени.
– Де се поминува време на свеж воздух во природен амбиент, кој не лечи и не полни со животна енергија.
– Да се прават вежби на дишење, бидејќи така се воспоставува емотивен и ментален склад и мир.
– Што повеќе да се смеете, да уживате во музиката која ве прави среќен.