Top Sport

Нова истрага против Роналдињо, учествувал во „перење пари“

Некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо се наоѓа во притвор во Парагвај. Тој во земјата влегол со фалсификуван пасош. Судењето што го очекува не единствената неволја со која се соочува Роналдињо. Медиумите од Јужна Америка пренесуваат дека тој е под истрага и за перење пари.

Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис, пред две недели, во Парагвај влегле со лажни пасоши, иако за влез во оваа држава на бразилските државјани им е потребна само лична карта.

Тој во Парагвај пристигнал за да ја промовира својата нова книга и да учествува на еден хуманитарен настан. Парагвајската полиција го уапси во хотелот.

Медиумите тврдат дека лажните документи тој и неговиот брат имале намера да ги искористат за нелегални инвестиции.

Истите извори откриваат дека тој немал платено данок во износ од два милиони евра и дека поради тоа му се одземени бразилскиот и шпанскиот пасош. Исто така должел на неколку места, од засега непознати причини, четри милиони евра.

Полицијата ги истражува неговите врски со бизнисменката Далија Лопез која е обвинета за перење пари.

Далија Лопез им приредила дочек на аеродромот во Асунсион на Роналдињо и неговиот брат. Таа била и организаторот на целото патување.

Криминалната организација е под истрага „испрала“ 400 милиони евра и дека во тоа им помогнал поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона и Милан.

Scroll to Top