Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ е особено погоден од трагадијата која ја зафати Италија, која е најсилно погодена од коронавирусот.
Областа Ломбардија, која се наоѓа каде е стациониран Швеѓанецот, е најсилно погодена од пандемијата на вирусот, па затоа Златан преку порака на Инстаграм (на социјалната мрежа има 42 милиони следбеници) испрати порака до Италијанците:
„Италија отсекогаш ми дава толку многу и во овие драматични моменти јас сакам да и вратам уште повеќе на државата која ја сакам. Одлучив да покренам акција за собирање помош и медицинска опрема за болниците. Ситуацијата е сериозна, па повикувам и очекувам великодушност и солидарност на сите познати и непознати, пред се мои пријатели, професионални спортисти, нека помогнат кој колку може за да го забавиме овој вирус. Заедно можеме да им помогнеме на болниците, на докторите и медицинските сестри, кои секојдневно несебично ги спасуваат нашите животи. И запомнете, ако овој вирус не дојде по Златан, Златан ќе дојде по вирусот” – рече фудбалерот на социјалната мрежа.
Информациите се дека за само 2 часа, биле собрани над 100.000 евра.