Top Sport

„Фудбал не треба да се игра до 2021 година“

Докторот Јонас Шмит-Шанасит од Берхард-Нохт институтот во Хамбург смета дека паузата во фудбалските натпреварувања треба да трае до 2021 година.

Шмит ја отфрла и можноста до крајот на годината натпревари да се играат пред празни трибини.

„Мислам дека не смеат да помислат, а не да зборуваат за натпревари во април. Дури и да се игра зад затворени врати. На тој начин луѓе ќе се собираат по домовите за да гледаат. Враќањето на фудбалот само ќе ја влоши ситуацијата“, рекол докторот за германската телевизија НРД.

Првенствата во Германија се прекинати до 2 април, но на сите им е јасно дека тој датум е само илузија.

Според директорот на Германската фудбалска лига (ДФЛ) Кристијан Шајферт рекол дека играњето на натпревари пред празни трибини била единствената шанса за спас на сезоната.

„Убеден сум дека е можно да се игра следната година. Мислам дека не е реално оваа сезона да биде завршена“, рекол доктор Шмит-Шанасит.

Scroll to Top