103-годишната Маргарет Велби вели дека никогаш нема да го заборави својот роденден, бидејќи доби фотографија со автограм од менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
Маргарет е една од само 14.500 луѓе над 100 години во Велика Британија, и во поголемиот дел од својот живот е страствен навивач на Арсенал, посетувајќи го Вембли девет пати за да ги гледа финалињата од ФА купот.
Нејзиниот син, Мартин, вели дека љубовта на бабата кон Венгер се потпира на почитувањето на неговиот стил на менаџирање, неговата тактика и фудбалска филозофија.
„Прекрасно е да што ја имам оваа фотографија со моето име. Еден од вработените во болницата ме праша дали тоа е Арсен Венгер и јас му одговорив, да, јас сум неговата девојка“, изјави Велби.