Челниците на Ла Лига имаат намера да ја завршат започната сезона, дури и по цена оваа да го одложи стартот на сезоната 2020/2021. Шпанците сакаат разврската да се случи на теренот, не ги разгледуваат опциите сезоната да биде поништена или да прогласат шампион гледајќи ја табелата во моментот кога првенството беше прекинато.
Првата опција која според ситуацијата со коронавирусот е најмалку веројатна. Таа вели дека првенството би продолжило некаде кон средината на мај, а натпревари би се играле до крајот на јуни или средината на јули.
Тоа значи дека на секој три дена би се играле натпревари. Одлука за фудбалерите кој ќе останат без договри на 30 куни Ла Лига ќе ја донесе во консултација со ФИФА.
Втората опција е првенствотo да се игра во текот на летото. Оваа опција е можна и поради тоа што УЕФА го одложи Европското првенство. Во тој случај сезоната би завршила во август или можеби во септември.
Третата опција иако делува како радикална во моментов делува како најреална. Таа вели дека сезоната би продолжила во септември, што значи дека додека таа не заврши нема да почне наредната сезона.