Филипо Инзаги вели дека неговиот клуб Беневенто целосно заслужува да игра во Серија А и дека тие се подготвени да играат до доцна во летото само за да се комплетира сезоната во Серија Б.
Беневенто имаа 20 поени пред второпласираниот Кротоне во Серија А и низа од 19 победи едноподруго пред да се прекине сезоната, и Инзаги стравува од поништување на сезоната со кое би им се одзело местото во елтитата.
„Не сфаќам како е можно да се тврди дека нема да ја завршиме сезоната, но можеби зборуваат некои луѓе кои имаат други интереси. Ова е неверојатна ситуација, но ние сме подготвени да играме во јули и август, тоа нема да ни пречи. Моите фудбалери и мојот претседател заслужија да бидат во Серија А и за да се заддржи интегритетот на системот, мора да бидеме таму. Најфер би било сезоната да заврши за никој да не страда“, вели Инзаги.