УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов открива дека се вратил во Русија откако му било кажано дека „99 отсто“ УФЦ 249 ќе се оддржи во Обединетите Арапски Емирати, но порача дека настанот може да оди без него бидејќи сега се планира да се оддржи во Лас Вегас.
Зборувајќи преку Инстаграм, Нурмагомедов ги објасни причините поради кои е назад во Дагестан и како „проколнатиот“ меч со Тони Фергусон ќе пропадне по петти пат.
„Трениравме без информации околу мечот и каде ќе се случи. Потоа ни кажаа дека мечот 100 отсто нема да се оддржи во САД и дека 99 отсто е сигурно дека ќе биде во Абу Даби. Затоа решив да заминам за Емиратите месец дена пред мечот, не знам на 19-ти или 20-ти. Но, кога пристигнавме таму ни кажаа дека ќе ги затворат границите и дека никој нема да може да замине и затоа се вратив во Русија. Сега сум во Дагестан и тренирам и се подготвувам секој ден иако не знам за што се подготвувам. Сега и тука ги затворија границите, како во САД, во Европа во Емиратите. Цел свет е во карантин. Сега, слушам дека сакаат да го организираат тоа во САД, но ќе биде без мене. Сите фајтери треба да си ги плаќаат сметките и да си го хранат семејството и ако нема мечеви нема пари. Нека најдат противник за Тони, бидејќи тој е во САД. Не знам што се случува, но не е првпат да имам проблеми во кариерата“, вели Хабиб.
Khabib Nurmagomedov just confirmed via Instagram live that he IS IN RUSSIA #UFC249 #COVID #Lockdown pic.twitter.com/Tp2bizIUXr
— Denis Geyko (@DenisGeykoRT) March 30, 2020