Челси станаа фаворити за потписот на германскиот ветеран Мануел Нојер, откако голманот наводно ја одбил понудата за нов договор со Баерн Минхен.
Френк Лампард е убеден дека мора да се ослободи од најскапиот голман на светот Кепа Аризабалага и во Нојер гледа совршена замена, иако во неговиот договор со Баварците има уште една сезона. Според „Билд“, Баерн му понудиле на Нојер договор до 2023 година, и тој бил навреден што му се дава краткорочен договор, бидејќи очекувал договор до 2025 година.
Баерн следната сезона ќе го „приберат“ 23-годишниот Александер Нибел од Шалке, и планираа Нојер една сезона да го „подучува“ својот сонародник. 34-годишниот Нојер пак, по низата повреди минатата година, оваа сезона беше постојан на голот на Баварците и планира да ја продолжи кариерата што е можно подолго.