Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Хуан Мата се присетил на периодот кога во клубот пристигнал холандскиот тренер Луј Ван Гал.
Мата стана играч на Манчестер Јунајтед во јануари 2014 година, а пет месеци подоцна на „Олд Трафорд“ пристигнал и Ван Гал.
Пријатен човек, многу автентичен и сензибилен. Понекогаш покажуваше слабост и плачеше кога зборуваше за некои работи“, рекол Мата.
Ван Гал со играчите првата средба ја имал во Лос Анџелес на летните подготовки. Тогаш тој имал засебни состаноци со фудбалерите.
„Кога влегов во канцеларијата тој седеше со Рајан Гигс. Ме праша дали ќе се напијам нешто и побара да мукажам нешто за себе. Јас му одговорив: ‘Јас сум Хуан Мата имам 26 години и играм фудбал’, а тој ми кажа: ‘Не, не. Кажи ми каква особа си. Дали имаш семејство што тие важно во животот“.
Тогаш Мата сватил дека Ван Гал може да биде многу директен во разговорите и дека станува збор за пријатна особа.
Ван Гал во Јунајтед остана две години, во 2016 година го освои ФА купот. Манчестер Јунајтед беше последниот клуб во кариерата на Ван Гал.