Војната со зборови помеѓу менаџерите на Челси и Манчестер јунајтед, Антонио Конте и Жозе Мурињо, која започна минатата недела, доби нова епизода.
Конте смета дека чувствто на непочитување е взаемно. Англиските медиуми се полето на кое „војуваат“ овие двајца. Португалецот го нарече Конте кловн, а Италијанецот му возврати со зборовите „дека е мал човек и лажен тренер“.
Мурињо навести во петокот дека војната тука ќе заврши со зборовите дека кон Конте чувствува само презир.
„Мислам дека ја сум тој кој стави крај на приказната. Ако тој рекол дека ме презира, можам само да кажам дека чувството е взаемно“, рекол Конте.