Додека Премиер лигата (како и повеќето европски лиги) е во „локдаун“, менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер на шега вели дека сопругите и девојките на неговите фудбалери треба да помогнат во оддржувањето на формата.
Норвежанецот вели дека неговите фудбалери добиле препораки за начинот на исхрана додека работат во нивните домашни вежбални, и додава дека доколку имаат градина во нивните куќи, девојките и сопругите можат да нафрлаат топки.
„Сите фудбалери имаат индивидуални програми и сопствени диети, секако, и овој период можат да го искористат да работат на нешто посебно, на нешто специфично за нив и нивните улоги на фудбалскиот терен. Јас сум во градината, со децата, и напаѓачите би можеле да работат на завршницата. Повеќето фудбалери имаат добри услови и пристојни градини, и се надевам дека сопругите и девојките ќе им додаваат и нафрлаат топки“, вели Солскјер за официјалниот веб-сајт на клубот.
Самиот Солскјер пак, вели дека времето го користи за анализирање на преостанатите мечеви кои им претстојат во борбата за пласман во ЛШ.
„Околу мојата работа, контактирам и комуницирам со мојот тим и со фудбалерите постојано. Секако, сега е поинаку бидејќи сум навикнат да ги гледам со часови и часови. Контактираме преку Интернет постојано“, вели Солскјер.
Part 1️⃣ of our United Hangout with the boss is here! ??
? On the agenda today:
Spending time with family ????
Keeping in touch with the players ?
Staying in good shape ? pic.twitter.com/vIFi06bXo0— Manchester United (@ManUtd) March 31, 2020