Top Sport

„Зајон? Би го „убил“, мал е и бавен“

Лавар Бол таткото на кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Лонзо, повторно се огласи со интересен коментар. Лавар „удри“ по првиот пик од минатогодишниот драфт Зајон Вилијамсон.

Бол одговорил на прашањето дали кога би бил во полна сила би го победил Зајон во игра „1 на 1“.

„Престанете. Би го „убил“ тоа момче. Мал е и бавен. Би бил пресилен и премногу брз за него“, одговорил Бол.

Лавар, покрај Лонзо, има уште двајца синови – Лианџело кој игра во Развојната лига односно Ламело кој до пред некој месец играше во Австралија.

Scroll to Top