Националниот центар за тенис „Били Џин Кинг“ каде што се одржува Ју-Ес опен, поради пандемијата на коронавирусот во Њујорк, ќе биде претворен во болница.
Надлежните органи сакаат да ги зголемат болничките капацитети да ги зголемат за 87.000, поради што решиле да ги искористат објектите на Националниот центар за тенис.
Терените за тренинг ќе бидат претворени во медицинска установа со 350 кревети, додека на најголемите стадиони секој ден ќе бидат приготвени по 25.000 оброци за заразените со коронавирусот.
Њујорк е еден од градовите во САД кој се наоѓа во лоша ситуација, според последните информации на секој три минути има по еден заразен со вирусот КОВИД-19.