Лидерите во турската Супер лига, Истанбул Башакшехир го пречека својот домашен херој Арда Туран, кој е позајмен играч од Барселона, додека на аеродромот при пречекот се случи неверојатна тепачка меѓу навивачите.
Туран беше пречекан од стотина навивачи со портокалови шалови на „Ататурк“ аеродромот во саботата навечер, по што се случи тепачка меѓу фановите и полицијата, а еден навивач ја загуби свеста.
„Не сме терористи, ние сме навивачи“, врескаа навивачите кон полицијата.
30-годишниот Туран дојде во Барселона во 2015 година по четири успешни сезони со Атлетико Мадрид, но не успеа да се пробие во првиот тим. Башакшехир пак, последните две сезони станаа сериозен ривал на пославните клубови од Истанбул, Бешикташ, Фенербахче и Галатасарај.
„Не сум тука на кратки патеки, туку сакам успех со Башакшехир“, изјави Туран за „Хуриет“.