Кошаркарот на мадридски Реал, Треј Томкинс по неколку недели борба, се излекува од коронавирусот. Томкинс кој единствен во редовите на Реал беше позитивен на новиот вирус за среќа не ги зарази своите колеги од клубот.
„Сите во тимот се добро. Треј во потполност се опорави и целиот тим е супер“ напиша на Инстаграм Руди Фернандез.
Пред 3 недели, поточно на 12 март се објави веста дека американскиот кошаркар кој ги брани боите на шпанскиот гигант е позитивен на коронавирусот. Набргу потоа беше стопирана и Евролигата.
Поради Томкинс, и фудбалерите на Реал Мадрид мораа да одат на тестирање. Сите беа негативни на вирусот.
Инаку Томкинс, кој има 29 години, во Реал е од 2015 година, а претходно има настапувано и за ЛА Клиперс и Нижни Новгород.
Со Реал во 2018 ја освои титулата во Евролигата.