Многу професионални фудбалери низ целиот свет заработуваат малку повеќе од просечна плата и не можат да си дозволат нивните плати да бидат намалени за време на кризата со корона вирусот, објави Светскиот синдикат на фудбалери (ФИФПРО) за Ројтерс.
Фудбалерите на Барселона и Атлетико Мадрид во Шпанија и Јувентус во Италија веќе прифатија драматично намалување на платите, а постои јасно барање таков потег да одобрат и фудбалерите во Премиер лигата, но генералниот секретар на ФИФПРО, вели дека ситуацијата во послабите лиги е критична.
„Повеќето фудбалери смеат да си дозволат намалување на платата како било кој работник. Нивниот приход не е толку голем како што веруваат луѓето. Повеќето фудбалери земаат плата околу просекот во земјите во кои играат. Постојат и фудбалери кои играат за минимални плати, и секое кратење ќе има последици на основните работи како исхраната и киријата. И во Италија не е исто на пример – Јувентус имаат поинакви плати од тие клубови кои се на дното на табелата“, вели Јонас Бер-Хофман.
Тој додава дека засега мнозинството клубови се однесува „разумно“, но дека имало и некои неприфатливи отпуштања.
„Во дел од светот многу клубови се решаваат за масовно отпуштање и кратење на платите со услови кои фудбалерите не можат да ги прифатат. Знаеме дека мнозинството клубови се под финансиски притисок, но има и некои цинични реакции на искористување на ситуацијата“, вели Бер-Хофман.